• четврток, 11 јули 2024

Завршна конференција на проектот „За правда - Граѓанските организации за независно и ефикасно правосудство“

Завршна конференција на проектот „За правда - Граѓанските организации за независно и ефикасно правосудство“

Скопје, 25 јуни 2024 (МИА) - Завршна конференција на проектот „За правда - Граѓанските организации за независно и ефикасно правосудство“ ќе биде одржана денеска во хотел Мериот во Скопје. Проектот е финансиран и спроведен од Фондација Отворено општество – Македонија и Блупринт групата за реформи во правосудството.

Клучните резултати од работењето на Блупринт групата ќе ги презентира Александра Цветановска, претседателка на Македонското здружение на млади правници (МЗМП), по што ќе бидат одржани три панел дебати, на кои, како што најавуваат организаторите, ќе се обратат претседателката на Судски совет Весна Дамева, академик Владо Камбовски, директорката на Академијата за обука на судии и јавни обвинители Наташа Габер-Дамјановска, претставници на Министерството за правда, на Врховниот суд, на Советот на јавни обвинители, Адвокатската комора, Институт за човекови права, Хелсиншки комитет за човекови права, Институт за европска политика и на Центарот за правни истражувања и анализи.са/

Фото: плакат/покана 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан