• недела, 29 декември 2024

Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства пред собраниската Комисија за политички систем

Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства пред собраниската Комисија за политички систем

Скопје, 7 октомври 2024 (МИА) - Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска на седница треба да ги разгледа годишните извештаи за работата на јавните обвинителства и на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, за 2023 година.

Пред Комисијата се и Посебниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за утврдените состојби во финансирање на изборната кампања за Избор на Претседател на Република Северна Македонија 2024 година, Посебниот извештај за утврдени состојби во финансирањето на изборната кампања за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија 2024 година, Извештајот за реализација на Судскиот буџет за 2023 година и Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2023 година, кои се веќе разгледани. мч/нд/

фото: МИА архива 

Остани поврзан