• среда, 22 јануари 2025

Без струја дел од потрошувачите во општините Гази Баба и Аеродром

Без струја дел од потрошувачите во општините Гази Баба и Аеродром

Скопје, 27 ноември 2024 (МИА) - Без електрична енергија во одреден временски период денеска ќе останат дел од потрошувачите во општините Гази Баба и Аеродром.

Од ЕВН Македонија АД информираа дека без струја во периодот од 09.00 до 12.00 часот, ќе останат дел од потрошувачите на ул. „Панче Пешов“ бр.1,3,5 и 7, во општина Гази Баба, а во периодот од 08.30 до 13.00 часот, од бул. „3-та Македонска бригада“ кај ресторан Дион, општина Аеродром. цр/лв/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан