• понеделник, 23 декември 2024

МНТ со претставата „Бели ноќи“ ќе ја одбележи 80- годишнината на Народен театар, Битола

МНТ со претставата „Бели ноќи“ ќе ја одбележи 80- годишнината на Народен театар, Битола

Скопје, 7 декември 2024 (МИА) - Македонскиот народен театар вечерва ќе ја одигра претставата „Бели ноќи“ според делото на Ф. М. Достоевски, а во адаптација и режија на Звездана Ангеловска, во чест на 80-години од формирањето на НУ Народен театар, Битола. Претставата ќе почне во 20 часот.

Во овој копродукциски проект играат Ана Јовановска и Дамјан Цветановски. Како сценограф се потпишува Мартин Манев, костимограф е Роза Трајческа-Ристовска, а музиката е на Марјан Неќак.

Претстава „Бели ноќи“ својата премиера ја имаше на 17 октомври на малата сцена во МНТ. ир/нд/

Фото: МНТ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан