• сабота, 05 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 54. сесија на Клубот на истражувачите

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 54. сесија на Клубот на истражувачите

Скопје, 20 февруари 2025 (МИА) - Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 54. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 27 март 2025 година (четврток), со почеток во 14:00 часот, во просториите на Народната банка. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: opstiinfo@nbrm.mk, најдоцна до 12 март 2025 година (среда), информираат од Народната банка. 

Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер. сст/дма/

фото Народна банка на Република Северна Македонија

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан