Напаѓачот на Њукасл, Исак нема да се врати на терените до крајот на годината
- Менаџерот на Њукасл, Еди Хауи, откри дека фудбалерот од нападот Александар Исак нема да се врати на теренот до крајот на 2022 година.

Њукасл, 18 октомври 2022 (МИА) - Менаџерот на Њукасл, Еди Хауи, откри дека фудбалерот од нападот Александар Исак нема да се врати на теренот до крајот на 2022 година.
- Мислам дека веројатно нема да го видиме Исак пред почетокот на Светското првенство во 2022 година. За жал, тој има премногу сериозна повреда на колкот. За него ова не е лесен тест, бидејќи неодамна се пресели да игра во англиското првенство. Добро се адаптираше на новите услови, но се повреди во репрезентацијата. Сепак, Александар е сè уште млад, има одлична иднина, треба да му помогнеме и сакаме да се погрижиме кога ќе се врати, сè ќе биде во ред со него, изјави Хауи за клупската прес-службата на Њукасл.
Исак му се приклучи на Њукасл од Реал Сосиедад во август 2022 година. На контото на 23-годишниот Швеѓанец с едва гола и три асистенции за англискиот тим. зс/