• петок, 05 декември 2025

Волф: На Хамилтон му треба време за адаптација во Ферари

Волф: На Хамилтон му треба време за адаптација во Ферари

Лондон, 23 јуни 2025 (МИА) – Извршниот директор на Формула 1 тимот Мерцедес, Тото Волф, зборуваше за тешкотиите со кои се соочи Луис Хамилтон откако го напушти неговиот тим и замина во Ферари.

Британецот на од сезоната 2024 одлучи да ја смени клупската средина и во 2025 настапува за италијанскиот тим.

- Мислам дека е потребен период на адаптација. Различен болид, различен пристап кон возењето, нов тим инженери со кои ќе се работи. Тоа е целосно италијански тим. Тој е Британец кој се спушти со падобран. Потребно е време, го цитира „Моторспорт Вик“ Волф.

Хамилтон моментално е шести во генералниот пласман на возачи со 79 поени. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан