• среда, 29 јануари 2025

Нападната Амбасадата на Франција во ДР Конго

Нападната Амбасадата на Франција во ДР Конго

Париз, 28 јануари 2025 (МИА) – Амбасадата на Франција во главниот град на Дермократска Република Конго, Киншаса утрово е нападната, изјави шефот на француската дипломатија Жан-Ноел Баро.

Тој на Икс објави дека по нападот во Амбасадата избил пожар, кој бил изгаснат.

- Ваквите напади се неприфатливи. Направено е сè за да се обезбеди безбедноста на нашиот персонал и нашите граѓани, истакна Баро.

Бунтовниците од Движењето 23 март (М23), поддржани од Руанда, вчера влего во Гома, град со два милиони жители, што се наоѓа на околу 1.600 километри од главниот град Киншаса.

Во Гома продолжуваат борбите помеѓу армијата и М23. Претходно, Обединети нации соопштија дека во изминатите 24 часа стотици луѓе побарале помош во болниците во Гома поради повреди од огнено оружје и гранати, а на улиците има мртви луѓе. ми/

фото: МИ архива

Остани поврзан