• сабота, 23 ноември 2024

Намален водостојот на Дојранското Езеро

Намален водостојот на Дојранското Езеро
Скопје, 16 мај 2022 (МИА) – За еден сантиметар е намален водостојот на Дојранското Езеро, додека нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени д Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Сепак, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,71 метар повисок од просечниот за мај, а на Преспанското и Охридското Езеро е понизок од просечниот. Прти тоа, нивото на Преспанското Езеро е за 1,77 метри пониско од повеќегодишниот просек за овој период од годината, додека кај Охридското Езеро е за три сантиметри пониско од просечното. Водостојот, пак, на реките во земјава најчесто е малку понизок или повисок од просечниот и бележи благо зголемување или намалување во споредба со вчера. Најголемо зголемување во однос на вчера од 10 сантиметри има реката Вардар на мерното место кај Јегуновце, а најголемо намалување има Црна Река кај Новаци, каде нивото е помало за 12 сантиметри во споредба со вчерашното. вј/дма/

Остани поврзан