• петок, 08 ноември 2024

Наканиши призна дека ги загрозил безбедносните интереси на Белорусија

Наканиши призна дека ги загрозил безбедносните интереси на Белорусија

Минск, 6 септември 2024 (МИА) - На јапонскиот државјанин Масатоши Наканиши, кој е уапсен во Белорусија, му е предочено обвинение за агентурна дејност откако тој ги признал своите незаконски дејства. Ова го изјави шефот на истражниот оддел на Комитетот за државна безбедност (КГБ) на Белорусија, Константин Бичок, цитиран од ТАСС.

„Наканиши е обвинет за кривично дело предвидено со член 358, став 1 (агентурна дејност) од Кривичниот законик на Белорусија. Обвинетиот е задржан во истражниот затвор на КГБ и активно соработува со истрагата, давајќи детални изјави за својата незаконска дејност“, изјави претставникот на белорускиот КГБ.

Телевизијата „Беларус 1“ објави снимки од испитувањето на Јапонецот, каде што тој признава дека ја загрозил безбедноста на државата.

- Сметам дека моите дејства ја загрозија безбедноста на Белорусија, вели Наканиши во видеозаписот. Тој признава дека фотографиите направени во близина на украинската граница, на кои се гледаат мостови и железнички пруги, би можеле да бидат искористени од САД или Украина за можна воена акција. - Мислам дека можеа да извршат ракетен напад на територијата на Белорусија, изјави приведениот Јапонец. Тој додаде дека има многу блиски врски меѓу САД и Јапонија. - Постапив лошо, нечесно. Се каам за тоа што го направив, додал уапсениот. ссм/

фото: принтскрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан