Над 20 лица повредени во експлозија во хотел во САД
- Дваесет и едно лице е повредено во експлозија во хотел во САД, пренесоа светските агенции. Се сомнева дека причина е истекување на гас.
![Над 20 лица повредени во експлозија во хотел во САД](https://mia.mk/index.php/images/20240109074822_big_730x400_35.webp )
Вашингтон, 9 јануари 2024 (МИА) - Дваесет и едно лице е повредено во експлозија во хотел во САД, пренесоа светските агенции. Се сомнева дека причина е истекување на гас.
Експлозијата се случила во хотелот „Sandman Signature“ во центарот на Форт Ворт во американската сојузна држава Тексас. Еден од повредените е во критична состојба, четворица се во тешка состојба, останатите се со полесни повреди, информираат локалните лекари.
Очевидци велат дека татнежот од експлозијата бил толку силен што мислеле дека има земјотрес. мс/
фото: Принтскрин/Твитер