• сабота, 23 ноември 2024

Надал за првиот турнир по Вимблдон: Не можам да очекувам да играм на неверојатно ниво од самиот почеток

Надал за првиот турнир по Вимблдон: Не можам да очекувам да играм на неверојатно ниво од самиот почеток
Синсинати, 15 август 2022 (МИА) – Дваесет и двократниот грен слем шампион Рафаел Надал ги искажа своите очекувања пред Мастерсот во Синсинати, каде што ќе го одигра првиот меч по Вимблдон. - Важно е да се биде свесен дека по враќањето нема да биде сè совршено. Не можете да очекувате да играте на неверојатно ниво уште од самиот почеток. Мора да бидете доволно скромни и да се борите со алатките што ги имате за да победите на првиот натпревар. Потоа, кога ќе победите натпревар или два, сè се менува и повторно се чувствувате конкурентни. Ако играте добро, а мислам дека играм повеќе или помалку добро, тогаш ви е удобно на теренот. Но конкуренцијата е друга работа. Мора да прифатите дека ќе биде тешко, особено на Мастерсот. Има многу силни противници од самиот почеток, така што треба да се игра на високо ниво, а јас ќе се обидам да го направам тоа. Мило ми е што се вратив во Синсинати откако не можев да дојдам овде неколку години. Се надевам дека ќе бидам подготвен да се натпреварувам. Сакам повторно да играм на турнеја. Имам добра сезона и се забавувам. Сакам да уживам оваа недела во Синсинати, изјави Надал. Надал подолго време беше надвор од теренот поради кинење на стомачните мускули. зс/

Остани поврзан