• сабота, 23 ноември 2024

Награда почесен црн појас 1 дан од Џудо-федерацијата на Македонија за јапонската амбасадорка Кеико Ханеда

Награда почесен црн појас 1 дан од Џудо-федерацијата на Македонија за јапонската амбасадорка Кеико Ханеда
Скопје, 7 октомври 2020 (МИА) - Џудо-федерацијата на Македонија на јапонската амбасадорка Кеико Ханеда ѝ додели награда почесен црн појас 1 дан. - Признанието се доделува за 4-годишната посветеност на амбасадорката за развивање и ангажираност на џудо-спортот во Македонија. Во име на федерацијата плакетата и црниот појас со посвета ја предаде делегација предводена од претседателот Владимир Трпаноски и потпретседателот Горан Антевски, соопштија од федерацијата. Амбасадорката Кеико Ханеда изрази голема благодарност за признанието и се заложи во иднина, како почесен член на џудото во Македонија да продолжи со активностите за соработка на џудо-спортистите од Македонија и од Јапонија. Истакна дека во изминатите години во нејзиниот ангажман секогаш го поддржувала секој спорт кој ќе го развива духот и здравјето на секој граѓанин. Исто така изрази огромно задоволство за можниот настап на македонските џудисти на претстојните Олимписки игри во Токио и можноста за негово омасовување и развој во наредниот период. Јапонската амбасада и во наредниот период ќе продолжи со помош и развој на овој благороден спорт преку материјална поддршка во опрема и можност за обука на џудоки во Јапонија. зс/

Остани поврзан