• вторник, 23 јули 2024

Муцунски – Борел: Силна посветеност на реформските процеси и остарувањето на стратешката цел за членство во ЕУ 

Муцунски – Борел: Силна посветеност на реформските процеси и остарувањето на стратешката цел за членство во ЕУ 

Брисел, 12 јули 2024 (МИА) - Европското досие на земјава, процесот на нејзиното пристапување во Европската Унија и внатрешно политичката динамика, беа главни теми на средбата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел на маргините на Самитот на НАТО во Вашингтон. 

Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Муцунски ја апострофираше нашата цврста заложба за имплементација на реформските процеси, како и определбата за посветена работа во насока на забрзување на евроинтегративниот процес на земјата. 

Според Муцунски, земјата останува силно посветена на евроинтегративниот процес, особено во делот на исполнување на условите и имплементација на реформите.  

- Притоа, ја нагласи потребата од забрзана интеграција со учество во повеќе конфигурации на Советот на ЕУ, зголемена помош или прогресивен влез во политиките и придобивките резервирани за земјите членки. Во тој контекст, беше поздравен и Планот за раст на ЕУ и нашата посветеност на Реформската агенда, што е значајно за стабилноста и просперитетот на нашите граѓани и земјите од регионот, се наведува во соопштението. 

Мицуснки посочи дека нашето членство во Европската Унија останува најважен приоритет на новата Влада.  

- Потребно е земјите од Западен Балкан да покажат проактивност во делот на исполнување на реформите, додека ЕУ треба да ги потврди заложбите и подготвеноста за прием на нови земји членки. Зачувувањето на кредибилитетот на процесот на проширувањето е од клучно значење, а во моментот неопходна е постепена интеграција пред формално членство во Унијата, истакна Муцунски.  

Тој и Борел се осврнале и на европските интеграции во регионален контекст, а ги разгледале и модалитетите за зајакнување на соработката меѓу државите од регионот и ЕУ.  

- Воедно, ја поздравија целосната усогласеност на земјава со заедничката надворешна и безбедноста политика на ЕУ, што е особено значајно имајќи ги предвид актуелните геополитички случувања. 

Претходно Борел, во објава на Икс по средбата посочи дека Брисел сака да ја видиме Северна Македонија како напредува во процесот на пристапување во Европската Унија. 

- Среќен сум е што се сретнав со новиот министер за надворешни работи на Северна Македонија, Тимчо Муцунски. Северна Македонија е наш силен сојузник. Добрососедските односи и регионалната соработка мора да останат приоритет за земјата. Сакаме да ја видиме Северна Македонија како напредува во процесот на пристапување во ЕУ, наведе Борел во објавата.  

Муцунски беше дел од македонската делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски која претходните три дена учествуваше на средбата на шефови на држави или влади на членките на НАТО што се одржа во Вашингтон. Во состав на делегацијата беа и министрите за одбрана и за внатрешни работи, Владо Мисајловски и Панче Тошковски. сп/са/

Фото: МНРНТ

Остани поврзан