• понеделник, 23 декември 2024

Муртезани назначен за национален координатор за спроведување на Реформската агенда

Муртезани назначен за национален координатор за спроведување на Реформската агенда

Скопје, 19 ноември 2024 (МИА) -  Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани е назначен за национален координатор за спроведување на Реформската агенда со заклучок усвоен на денешната седница на Владата на Република Северна Македонија.

-На Седницата, исто така, беше утврден предлог – Моделот за формирање на структура за спроведување на Инструментот за реформи и раст, кој произлегува од Регулативата на ЕУ 2024/1449 за воспоставување на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, со која пак се дефинира Реформската агенда на Северна Македонија, како и од нацрт-Договорот за инструментот за реформи и раст и нацрт-Договорот за заем, информираат од Владата.

 
Со овој Предлог-модел, Министерството за европски прашања во координација со надлежните институции, треба да ги преземе неопходните чекори за операционализација на структурата што вклучува подготовка на сите процедури, упатства, насоки и други документи за мониторинг, известување и евалуација, како и јавна внатрешна финансиска контрола и ревизија, за спроведување на Реформската агенда.
 
По утврдувањето на текстот на Нацрт-Договорот за инструментот за реформи и раст, Владата го овластила министерот Муртезани да го потпише истиот. сст/нд/

фото Влада

Остани поврзан