Муртезани во Варшава на неформалниот состанок за Советот за општи работи (ГАК) на ЕУ
- Министерот за европски прашања Орхан Муртезани учествуваше на неформалниот состанок на Советот за општи работи (ГАК) на Европската Унија, кој во рамки на Полското претседателство, вчера и денеска се одржува во Варшава.

Скопје, 18 февруари 2025 (МИА) - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани учествуваше на неформалниот состанок на Советот за општи работи (ГАК) на Европската Унија, кој во рамки на Полското претседателство, вчера и денеска се одржува во Варшава.
Претставниците на земјите-членки, земјите кандидатки и потенцијални кандидатки за членство во Унијата, дискутираа за актуелните хибридни закани со кои се соочуваат и земјите-членки на ЕУ и аспирантите за членство, соопшти Министерството за евопски прашања.
Министерот Муртезани имаше обраќање, при што нагласи дека Северна Македонија директно се соочува со хибридни закани, особено по целосното усогласување со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.
Тој истакна дека дезинформациите, кибернападите и обидите за дестабилизација на демократијата се дел од поширока стратегија за поткопување на европските вредности и довербата во процесот на проширување. Во тој контекст, ја потенцираше важноста од зајакната соработка со ЕУ во областа на кибербезбедноста, размена на информации и интегрирање на земјите кандидатки во европските механизми за безбедност.са/
Линк до видео инсерт: https://www.filemail.com/d/tsjgmrpvvxldktm
Фото: Министеерство за евопски прашања