• сабота, 31 август 2024

Мурињо: И онака никогаш немаше да ја освоиме Лигата на шампионите, имаме шанса во Лига Европа

Мурињо: И онака никогаш немаше да ја освоиме Лигата на шампионите, имаме шанса во Лига Европа

Истанбул, 14 август 2024 (МИА) - Жозе Мурињо се осврна на елиминацијата на Фенербахче од квалификациите за Лигата на шампионите.

- Горд сум на моите играчи, направивме се како тим. Ја загубивме шансата да играме против најголемите тимови во светот, но исто така е точно дека и онака никогаш немаше да ја освоиме Лигата на шампионите. Никогаш не би стигнале до финалето на Лигата на шампионите, но имаме шанса во Лига Европа. За нас е поинтересно од натпреварувачки аспект, изјави тренерот на Фенербахче.

Избраниците на португалскиот фудбалски стручњак синоќа одиграа нерешено 1:1 со Лил во реванш натпреварот од 3. квалификациско коло во Лигата на шампионите. Првата средба заврши со победа на францускиот тим (2:1). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан