Москва ја обвини Украина дека со дрон нападнала територија во близина на нуклеарната централа Запорожје
- Вооружените сили на Украина со дрон ја нападнаа територијата во близина на нуклеарната централа Запорожје, јавија руските медиуми.

Москва, 17 април 2025 (МИА) - Вооружените сили на Украина со дрон ја нападнаа територијата во близина на нуклеарната централа Запорожје, јавија руските медиуми.
Дронот е неутрализиран на 300 метри од единствениот светски симулатор за реакторска сала во целосен обем, објави централата.
-Дронот на украинското воздухопловство беше неутрализиран на 300 метри од територијата на централата Запорожје во близина на зградата „Г“, каде што се наоѓа единствениот светски симулатор за реакторска сала. Како резултат на нападот, никој не е повреден. Нема причинета штета. Инспекторите на МААЕ во централата се известени за инцидентот, се вели во соопштението на централата Запорожје. мс/
фото: ЕПА