Тајланд: Во поплавите предизвикани од тропската бура Вифа загинаа шест лица
- Во поплавите и свлечиштата предизвикани од тропската бура Вифа загинаа шест лица, а повеќе од 230.000 луѓе низ Тајланд беа загрозени на некој начин, соопштија денеска официјалните лица на земјата за управување со вонредни состојби.
Бангкок, 2 август 2025 (МИА) – Во поплавите и свлечиштата предизвикани од тропската бура Вифа загинаа шест лица, а повеќе од 230.000 луѓе низ Тајланд беа загрозени на некој начин, соопштија денеска официјалните лица на земјата за управување со вонредни состојби.
Според податоците на тајландскиот Сектор за спречување и ублажување на катастрофи, обилните дождови што почнаа на 21 јули предизвикаа поплави во 12 провинции, главно во северните и централните региони, пренесува денеска телевизијата Си-Ен-Еј од Сингапур.
- Внимателно го следиме влијанието на тропската бура Вифа и координираме со погодените провинции за да им помогнеме на оние на кои им е потребна помош, се вели во соопштението на агенцијата објавено на нејзината официјална страница на Фејсбук. јт/
Фото: ЕПА архива