Виткоф им рече на семејствата на израелските заложници дека нема информации за напредок во преговорите со Хамас
- Американскиот специјален пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, денеска им рече на семејствата на израелските заложници дека нема информации за напредокот во преговорите со палестинската милитантна група Хамас во врска со ослободувањето на киднапираните, јавија израелските медиуми.

Тел Авив, 2 август 2025 (МИА) – Американскиот специјален пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, денеска им рече на семејствата на израелските заложници дека нема информации за напредокот во преговорите со палестинската милитантна група Хамас во врска со ослободувањето на киднапираните, јавија израелските медиуми.
- Ја разбирам вашата фрустрација. Разбирам дека сакате да се вратат дома, дел од причината поради која се занимавам со оваа работа е затоа што изгубив дете. Знам што значи да се загуби дете. Би сакал да имам добри вести за вас. Но, ситуацијата е комплицирана. Постојат многу причини кои не можам да ги изнесам. Хамас е терористичка организација, рече Виткоф на состанокот одржан денеска во Тел Авив, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Виткоф нагласи дека претседателот на САД, Доналд Трамп, многу се грижи за заложниците и оти неговата мисија е сите да се вратат дома. јт/
Фото: ЕПА