• вторник, 24 декември 2024

МОН: Учениците ќе ги имаат сите учебници пред почетокот на новата учебна година

МОН: Учениците ќе ги имаат сите учебници пред почетокот на новата учебна година

Скопје, 29 мај 2024 (МИА) - Во тек е испораката на сите учебници од прво до седмо одделение во основното образование кои досега се одобрени од Националната комисија за учебници и ќе се применуваат во учебната 2024/25 година. Процесот ќе биде заокружен на почетокот на јуни, така што учениците ќе ги имаат потребните учебници навремено, пред стартот на новата учебна година, информира Министерството за образование и наука (МОН).

Постапката за печатење на новите учебници, како што велат од МОН, започна пред две недели, а секое училиште ќе го добие тиражот кој го има побарано преку посебна електронска апликација на министерството.

-Прашањето за новите учебници го решивме системски и долгорочно. Во меѓувреме, МОН заедно со другите надлежни институции ќе продолжи да вложува во изработка на нови наставни програми и учебници, затоа што тоа е еден од основните услови за квалитетна едукација, односно воспитно – образовен процес, порачуваат од МОН. вј/нд/

Фото: МОН

Остани поврзан