• понеделник, 23 декември 2024

Молдавците утре гласаат во клучниот втор круг од претседателските избори за судбината на нивната земја

Молдавците утре гласаат во клучниот втор круг од претседателските избори за судбината на нивната земја

Кишињев, 2 ноември 2024 (МИА) - Молдавците, на националниот референдум на 20 октомври, со мало мнозинство од 50,35 отсто се изјаснија за обезбедување пат кон членство во ЕУ со негово внесување во Уставот.

Но, резултатот беше засенет од наводите за купување гласови поддржани од Москва.

На претседателските избори одржани истиот ден, актуелната прозападна претседателка Маја Санду доби 42 отсто од гласовите, но не успеа да освои целосно мнозинство. Утре таа ќе се соочи со Александар Стојаноглу, проруски поранешен државен обвинител, во вториот круг кој повторно се смета за избор меѓу геополитичките спротивности.

Како и со референдумот за ЕУ, анкетата објавена оваа недела од истражувачката компанија iData укажува на тесна трка во недела за Санду, исход што може да се потпре на големата молдавска дијаспора.

Претседателот има значителни овластувања во области како што се надворешната политика и националната безбедност.

По две гласања во октомври, молдавските органи за спроведување на законот соопштија дека шемата за купување гласови била организирана од Илан Шор, протеран олигарх кој моментално живее во Русија и осуден во отсуство во 2023 година за измама и перење пари. Обвинителите велат дека во периодот од септември до октомври на гласачите им биле исплатени 39 милиони долари. Повеќе од 130.000 од нив добиле пари преку руска банка под меѓународни санкции. Шор негира дека сторил неправда.

Гласачите од отцепениот регион Придњестровје во Молдавија, наклонет кон Кремљ, кој прогласи независност по кратката војна на почетокот на 1990-тите, можат да гласаат во Молдавија иако се отцепија од неа. Придњестровје беше извор на тензии за време на војната во соседна Украина, особено затоа што таму се наоѓа воена база со 1.500 руски војници. паг/

Фото: ЕПА

 

 

 

Остани поврзан