• петок, 23 август 2024

Моди во посета на Украина

Моди во посета на Украина

Њу Делхи, 22 август 2024 (МИА) – Премиерот на Индија, Нарендра Моди утре ќе се сретне со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Моди ќе допатува во Украина по месец и половина месеци откако беше во посета Москва, каде се сретна со рускиот претседател Владимир Путин.

Предвидено е  Зеленски и Моди да разговараат за продлабочување на економските врски и соработката на полето на одбраната, науката и технологијата.

Според аналитичарите посетата на Моди на Украина е обид Њу Делхи да демонстрира понеутрален став. Индија уште од времето на Студената војна има традиционално блиските врски со Русија. Индија избегнува директно да ја критикува руската инвазија врз Украина. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан