МНТ, 80 години - Приказни поголеми од времето
- СООПШТЕНИЕ -

3 април 2025
Театарот е место каде што се случува нешто исклучително. Тука се преплетуваат режисерските идеи; најсилно чука актерското срце; се слуша зборот на драматургот; шепотот на суфлерот; сценографите, костимографите и композиторите ја оплеменуваат сцената со својот креативен израз; светлото, дизајнот и тон создаваат магија; големиот број на луѓе зад сцената се секогаш посветено тука; а менаџерскиот тим е тука да ја поддржи секоја идеа. Се создава магија, а публиката го восприема секој атом на театарската уметност. Македонски народен театар е сила која опстојува 80 години!
НУ МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР
_____________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки