МНТ со претставата „Народен непријател" на фестивалот „Борини позоришни дани" во Врање
- Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен и режија на Нина Николиќ учествува на Интернационалниот театарски фестивал „Борини позоришни дани" што се одржува во Врање, Србија, под слоганот „Театарот во трауматизираното општество".
Скопје, 24 октомври 2023 (МИА) - Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен и режија на Нина Николиќ учествува на Интернационалниот театарски фестивал „Борини позоришни дани" што се одржува во Врање, Србија, под слоганот „Театарот во трауматизираното општество".
- Претставата ќе се одигра на 25 октомври на сцената „Бора Станковиќ" во Врање, а ќе учествуваат и театарските куќи од Србија, Хрватска и Романија, соопштија од МНТ.
Во претставата играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Григор Јовановски. љм/са/
Фото: МНТ