• четврток, 26 декември 2024

Многу загинати во поплавите во Кенија, армијата ја забрзува евакуацијата на загрозените

Многу загинати во поплавите во Кенија, армијата ја забрзува евакуацијата на загрозените

Најроби, 14 декември 2023 (МИА) - Кениската армија денеска ја забрза евакуацијата на стотици лица, кои се заглавени по големите поплави во многу делови од оваа источноафриканска земја.

Американските медиуми го пренесуваат кенискиот Црвен крст о каде истакнуваат дека најмалку 170 лица загинале од почетокот на обилните дождови во ноември, додека повеќе од 600.000 се раселени.

Десетици илјади лица од северна Кенија ги загубиле своите домови, добиток и земјоделско земјиште, поради поплавите кои се сметаат за најлоши во последните 100 години.

Меѓународен тим на научници минатата недела објави дека климатските промени предизвикани од човечкиот фактор предизвикале два пати поинтензивни дождови во Источна Африка.

Метеоролошкото биро во земјата предупреди дека обилните врнежи ќе продолжат и во новата година и ги повика луѓето што живеат во ниските области и областите подложни на поплави да се евакуираат. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан