• вторник, 17 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Млад кумановец лишен од слобода, оружје пронајдено при претрес

Млад кумановец лишен од слобода, оружје пронајдено при претрес

Скопје, 18 април 2025 (МИА) - Млад кумановец бил приведен, откако оружје било пронајдено при претрес во неговиот дом.

Како што информираше денеска Министерството за внатрешни работи, вчера во 6:15 часот од слобода бил лишен 21-годишниот М.В. од Куманово.

- При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени воздушна пушка калибар 5.5, воздушна пушка калибар 4.5, куршум од девет милиметри, една кутија дијаболи, пиштол „екол“ калибар 4.5 и пиротехнички средства, се наведува во соопштението.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, како што најавија од МВР, против него ќе следува соодветна пријава. бд/вг/

Фото: Министерство за внатрешни работи

Остани поврзан