• вторник, 24 декември 2024

Триесет години од дипломатските односи помеѓу Северна Македонија и Кина

Триесет години од дипломатските односи помеѓу Северна Македонија и Кина

Скопје, 8 октомври 2023 (МИА) - На 12 октомври се одбележуваат 30 години од воспоставување на дипломатските односи помеѓу Република Северна Македонија и Народна Република Кина. 

Дипломатските односи помеѓу двете земји се воспоставени на 12 октомври 1993 година. Односите меѓу двете земји достигнаа високо политичко ниво, додека билатералната соработка се развива во сите сфери, наведуваат од македонското Министерство за надворешни работи за МИА.

-На 12-ти октомври се навршуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Народна Република Кина. Односите меѓу двете земји во изминатиот период достигнаа високо политичко ниво, додека билатералната соработка бележи развој во сите сфери од заемен интерес, посочуваат од МНР. 

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија информира дека со сите свои ресурси и напори, преку дипломатско-конзуларните претставништва во Љубљана и Загреб, се обидува

Во фокусот е економската соработка, со посебен акцент на интензивирањето на трговската размена, што е од бенефит за граѓаните на двете земји.

-Целосно го почитуваме територијалниот интегритет на НР Кина и ја поддржуваме политиката „една Кина“, поддржувајќи изнаоѓање соодветно решение. Во периодот што следи, ќе продолжиме заеднички да ја унапредуваме соработката, како на билатерален, така и на мултилатерален план, наведуваат од МНР за МИА. 

Кина е петта земја, по Германија, Велика Британија, Грција, Србија со која Северна Македонија најмногу тргувала во периодот јануари - јули 2023 година. Вкупниот обем на надворешно-трговската размена, како што објави неодамна Државниот завод за статистика, во овој период е 654, 7 милиони долари и во однос на истиот период лани бележи раст од 12 отсто. Извозот на македонски производи и услуги на кинескиот пазар изнесува 58, 4 милиони и бележи зголемување од 77, 2 отсто во однос на лани. Увозот на производи од Кина, пак, е повеќе пати повисок и изнесува 596, 3 милиони долари што е зголемување за осум отсто.  

Неодамна во Скопје се одржа панел дискусија организирана од кинеската амбасада и Центарот за стратегиски истражувања и анализи на која кинеските претставници ја нагласија подготвеноста за продолжување на соработката во сите области, особено во економијата, како и дека Кина останува широко и искрено отворена за соработка со сите земји од Западен Балкан. 

Кина е голем извозник на суровини и во иднина може значително да ја намали понудата за трговски партнери како што е Германија, за да ја подмири сопствената побарувачка, наведено е во извештај

 

Годинава Кина одбележува и десет години од почетокот на иницијативата „Појас и Пат“ (Belt and Road Initiative - BRI)

Кина одбележува и десет години од воспоставување на иницијативата „Појас и пат“ (Belt and Road Initiative – BRI), која се нарекува и Нов пат на свилата. Целта на Кина беше да се помогне во изградба на инфраструктура во земјите од Источна Азија и Европа. Потоа кинеската Влада проектот го прошири на Африка, Океанија и Латинска Америка, обидувајќи се да го зголеми кинеското влијание и во овие региони од светот.    

Изградбата на автопатот Кичево - Охрид е меѓу приоритетите на Владата. Посебен тим на Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта работат максимално на приор

Во Северна Македонија има два инфраструктурни проекти и тоа делницата Миладиновци –Штип, која е завршена и патот Кичево – Охрид, на кој се уште се работи од страна на кинеските компании. Во изминатите години исто така соработката се одвиваше и во други сектори како енергетика, култура, образование, ИТ и друго.  

Според податоците од официјалната веб страна на „Пат и појас“ (Belt and Road Initiative – BRI), во изминатата декада 151 земја и 32 меѓународни организации се приклучиле кон оваа иницијатива. Генерирани се близу трилион американски долари во инвестиции, во преку 3 000 договорени проекти, креирани се околу 420 000 работни места во земјите долж оваа рута и им се помогнало на близу 40 милиони луѓе на работ на сиромаштија.    

Елизабета Вељановска Најдеска 

ФОТО: МИА Архива 

 

Остани поврзан