• петок, 26 јули 2024

Мијалков во Лондон не договарал набавка на опрема за УБК, тврди неговата одбрана

Мијалков во Лондон не договарал набавка на опрема за УБК, тврди неговата одбрана
Скопје, 5 април 2021 (МИА) - Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, обвинет во случајот ,,Трезор", според неговата одбрана, во јули 2010 година во Лондон не договарал набавка на опрема за потребите на УБК. - Не е точно дека Мијалков од 7.7.2010 - 9.7.2010 во Лондон договарал со компанијата ГАМА за било каква опрема на УБК при МВР. Целото обвинение е конструкција, изјави адвокатот Петар Василев. Во моментов во Кривичниот суд Скопје се дават завршните зборови од страна на адвокатите на обвинетите во случајот ,,Трезор". Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР,  Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР,  Горан Грујевски. Тројца се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања, а Тони Јакимовски за помагање. Во завршниот збор, Обвинителството, рече дека наместо МВР да направи директна набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК од фирмата ГАМА од Велика Британија, како најекономичен начин, тие договориле набавката да се изврши преку друга фирма - посредник Финзи ДООЕЛ Скопје, со што успеале да злоупотребат средства од Буџетот на државата. Според обвинението во овој случај се злоупотребени над 860 илјади евра. оџ/дма/

Остани поврзан