• сабота, 23 ноември 2024

Мицотакис му изрази поддршка на Вартоломеј за Света Софија

Мицотакис му изрази поддршка на Вартоломеј за Света Софија
Атина, 11 јули 2020 (МИА) – Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во телефонскиот разговор со Вселенскиот патријарх Вартоломеј  му изрази поддршка за прашањето со Света Софија, јави дописничката на МИА од Атина. Според медиумите во Грција, Мицотакис започнува циклус меѓународни контакти за конкретното прашање, кое што ќе го постави и на Самитот на Европска Унија. Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас, во интервју за грчката телевизија „Скај“ рече дека е невозможно прашањето да не биде поставено на Самитот на ЕУ, додавајќи дека не станува збор за грчко- турско, туку за меѓународно прашање, а „Грција ќе направи сѐ што е во нејзини раце за да има соодветни последици за Турција“. Тој додаде дека сите опции се на маса, па дури и можноста за санкции, а не само во ЕУ, туку и во сите меѓународни организации, почнувајќи од УНЕСКО. - Не постои сомнеж дека ќе одиме на некој вид на санкции. Прашањето е овие одлуки да ги имаат потребните последици, за секој оној, кој го прекршува меѓународното законодавство, да сфати дека за ова однесување постојат санкции кои болат. Ова, ќе се обидеме да го сториме најбргу што можеме, истакна Пецас. Во Грција и власта и опозициските партии најстрого ја осудија одлуката на Турција, Света Софија да ја претвори во џамија. ср/ми/

Остани поврзан