Мицотакис и грчкото МНР изразија сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во турскиот ски-центар
- Длабоко жалење и сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во хотелот во ски-центарот во Турција, изразија грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и Министерството за надворешни работи на Грција преку платформата Икс, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 21 јануари 2025 (МИА) – Длабоко жалење и сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во хотелот во ски-центарот во Турција изразија грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и Министерството за надворешни работи на Грција преку платформата Икс, јави дописничката на МИА од Атина.
- Во име на Грција, изразувам искрено сочувство до семејствата на жртвите и посакувам брзо закрепнување на повредените, напиша Мицотакис.
Со слична порака изразувајќи жал, сочувство и желба за брзо и целосно закрепнување на сите повредени, излегоа и од грчкото МНР.
Во хотелот во популарниот ски-центар Карталкаја во провинцијата Болу во текот на ноќта избувнал пожарот во кој бројот на загинати се искачи на 66, а 51 лице е повредено. ср/паг/