• сабота, 16 ноември 2024

Мицотакис им ги презентираше владините приоритети за европските прашања на новите европратеници од НД

Мицотакис им ги презентираше владините приоритети за европските прашања на новите европратеници од НД

Атина, 11 јуни 2024 (МИА) – Владините приоритети за европските прашања им ги презентирал грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на новоизбраните европратеници од Нова демократија на денешната средба во премиерската палата, информираа од кабинетот на Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

На средбата, на која присуствуваа и државниот министер, заменичката МНР и секретарот за меѓународни односи во партијата, станало збор и за прашањата за организација и функционирање на еврогрупата.

Нова демократија има седум европратеници: тројцата партиски членови, кои одново обезбедија место во ЕП Елиза Возеберг, Манолис Кефалојанис и Евангелос Меимаракис, новинарите Елеонора Мелети и Јоргос Афтиас, поранешниот директор на канцеларијата за односи со јавност на Мицотакис, Димитрис Циодрас, како и градоначалникот на албанскиот град Химара Фреди Белерис кој моментално е во затвор во Албанија и учествуваше онлајн. ср/сд/

Фото: Кабинет на грчкиот премиер

Остани поврзан