• среда, 12 март 2025

Мицкоски очекува општествена поддршка на локалните избори за партиите кои се дел од владината коалиција

Мицкоски очекува општествена поддршка на локалните избори за партиите кои се дел од владината коалиција

Скопје, 7 март 2025 (МИА) - Очекувам општествена поддршка на претстојните локални избори за кандидатите за градоначалници од ВМРО ДПМНЕ, коалицијата „Твоја Македонија“, коалицијата ВРЕДИ или ВЛЕН, политичката партија ЗНАМ, изјави денеска премирот и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој одговораше на новинарското прашање за вчерашното интервју на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, а во кое изјавил дека е заинтересиран во одредени општини да коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ.

-Затоа што убеден сум дека политиките што ги води оваа коалиција се навистина политики коишто  се од интерес на народот и затоа кога велам дека очекувам општествена поддршка, тоа навистина и го мислам, изјави Мицкоски.

Тој истакна дека не го гледал интервјуто на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, бидејќи имал состаноци и работел до доцна.

-Но, добив информации и без избрифиран од мојот тим дека тој е еден можеби од ретките политичари, којшто на отворена сцена покажува разбирање за политиките на Демократската унија за интеграција. Така ми кажаа дека покажувал разбирање за аргументите на Демократската унија за интеграција нешто, за коешто ние веќе зборуваме дека коалицијата Левица, СДСМ, ДУИ перфектно, перфектно функционира, рече Мицкоски.

Прашан за можните кандидати за градоначалници за градот Скопје, Златко Перински и Орце Ѓеоргиевски, Мицкоски одговори дека добро е да има интерес за оваа функција, а како што рече, ниту едниот, ниту другиот лично на него официјално не кажал дали е заинтересиран да бидат дел од кандидатите, коишто ќе бидат на анкетите внатрепартиски.

- Но, еве ќе го послушам вашиот совет кога ќе ги почнеме со анкетите за мерење на потенцијалните кандидати за градот Скопје, ќе ги вклучиме и двете имиња, покрај другите, изјави Мицкоски.  вдј/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан