Мицкоски оствари средба со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта
- Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Минхен оствари средба со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, на која се разговарале за европските интеграции, за напорите и отстапките кои беа направени на тој план, како и за потребата да се отворат вратите на ЕУ.

Скопје, 14 февруари 2025 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Минхен оствари средба со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, на која се разговарале за европските интеграции, за напорите и отстапките кои беа направени на тој план, како и за потребата да се отворат вратите на ЕУ.
Како што соопштија од Владата, Мицкоски посочи дека земјава заслужува да оди напред и конечно да не биде заложник на билатерални спорови и препреки, какви имаше и во минатото многу.
-На тој план Македонија направи многу и Европската Унија мора да покаже подготвеност тоа да го вреднува на вистинскиот начин, а тоа е преку динамизирање на процесот на преговори со Европската Унија, истакна Мицкоски.
Тој посочи дека Владата е силно посветена на судските реформи, испорачување на правдата и борба против организираниот криминал за што е потребна поддршка и мобилизација на сите општествени чинители.
Мицкоски посочи дека првенствена цел е борба за стандардот на граѓаните и подобар живот, што ќе се постигне преку иновации, инвестиции и силно образование.
Средбата се одржува на маргините на Михенската безбедносна конференција, каде се собираат политички лидери од светот и каде ќе се дискутира за важни европски и светски предизвици. Свое обраќање ќе има и македонскиот премиер.бт/аа/
Фото: Влада на Република Северна Македонија