• четврток, 20 февруари 2025

Заменик-министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири на конференција во Мароко

Заменик-министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири на конференција во Мароко

19 февруари 2025

Заменик-министерот за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири, учествува на 4-та глобална министерска конференција за безбедност на патиштата, која се одржува во Мароко, каде ја претставува Република Северна Македонија. Овoj настан има посебно значење за оценување на напредокот во спроведувањето на Глобалниот план за 2021-2030 и за зајакнување на ангажманот за безбеден и одржлив мобилитет.

Во рамките на конференцијата, потпишан е договор за имплементација на овој план, потврдувајќи ја посветеноста за подобрување на безбедноста на патиштата и намалување на несреќите на патиштата на Северна Македонија.

Конференцијата продолжува и во следните денови, каде заменик-министерот Зеколи Шаќири има можност да се сретне со министри од целиот свет за да дискутираат за предизвиците и решенијата за побезбеден патен систем. Таа е посветена на искористување на најдобрите практики и искуства за да ги спроведе во подобрувањето на безбедноста на патиштата во земјата.

Кабинет на заменик-министер за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан