Мицкоски во посета на Виена
- Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со делегација предводена од потпретседателите Тимчо Муцунски и Александар Николоски, како и стратешкиот соработник за меѓународна политика, Викторија Трајков се во посета на Виена, Република Австрија.
Скопје, 8 март 2024 (МИА) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со делегација предводена од потпретседателите Тимчо Муцунски и Александар Николоски, како и стратешкиот соработник за меѓународна политика, Викторија Трајков се во посета на Виена, Република Австрија.
Како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, во текот на денот тие ќе остварат средба со Каролина Едстадлер, сојузна министерка за Европа и Устав на Република Австрија, потоа со Мајкл Отер, претседател на Стопанска Комора на Австрија и Александер Шаленберг, министер за надворешни работи на Република Австрија.
Претседателот Мицкоски со делегацијата денеска ќе оствари средба со македонските иселеници кои живеат во Австрија. дма/са/
Фото: МИА архива