• понеделник, 23 декември 2024

Мицкоски:Канализациона мрежа во Конче од 21 милион денари, и ново детско игралиште со партерно уредува во вредност од 4 милиони денари

Мицкоски:Канализациона мрежа во Конче од 21 милион денари, и ново детско игралиште со партерно уредува во вредност од 4 милиони денари

Скопје, 1 јуни 2023

 

Почитувани,

Денеска сме овде во Конче заедно со градоначалникот Златко и останатите кои што се дел од тимот кои што навистина даваа над човечки напори за да можеме да сите овие проекти кои што биле дел, или се некако поврзани со изборната програма која што беше презентирана за време на кампањата во 2021 година да бидат реализирани.

Ова што го спомена градоначалникот е проект кој што е финансиран од програмата на ТАВ, проект кој што до крајот на годината треба да биде завршен, инвестицијата е околу 350.000 евра или  21 милион денари. Претходно во едно населено место видовме едно детско игралиште, кое што заедно со партерното уредување на тоа населено место е завршено од страна на општината, инвестиција вредна околу 4 милиони денари.

Можевте да видите дека и општинската зграда, платото се реновира и уште многу други проекти кои што во периодот се заврши, а некои се почнати проекти кои што ќе бидат и во иднина завршени и затворени.

Така што јас сакам да му честитам на градоначалникот, на советниците, на администрацијата која што е дел од овој процес и само им посакувам да продолжат во таа насока и во иднина да се движат, за да можеме да покажеме дека не се сите исти во Македонија како што се обидуваат од владата на ДУИ подржана од помалиот коалиционен партнер СДСМ да ги претстават политичарите во Македонија.

Конче добива канализационен крак долг 3.100 метри во вредност од 21 милион денари, ќе биде завршен до крајот на годината

Златко Ристов, градоначалник на општина Конче

Добар ден и од мене, добредојдовте во општина Конче, во населеното место, село Конче,

Позади нас е изведба на канализациониот крак финансиран од ТАВ Македонија, кракот е во должина од 3.100 метри, вкупната вредност на канализациониот крак е во вредност од 21 милион денари. Како што можете да забележите значи во почетна фаза сме, краен рок на завршување на градежните активности е 31 декември.

Искрено се надевам дека ќе се вклопиме во рокот и граѓаните на општина Конче ќе го добијат значи овој проект во рамките на предвиденото.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО - ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан