• четврток, 18 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Мицевски: Луѓе на Заев се кандидати на Филипче, истата матрица само различни луѓе

Мицевски: Луѓе на Заев се кандидати на Филипче, истата матрица само различни луѓе

4 јули 2025

Луѓе на Заев се кандидати на Филипче, истата матрица само различни луѓе.

Кандидатите на СДС за градоначалници со амин од Филипче, се продолжена рака на Заев.

Заев се уште владее во СДС, а Филипче е само обична фигура која нема право на глас и прави се како што Заев ќе му каже.

Доказ за тоа е кандидирањето на Мартин Костовски во Куманово, кој важи за близок соработник и функционер на СДС со Заев.

Човекот кој беше директор на службен весник, пратеник во Собранието, а сега и организационен секретар на СДС, се е тоа благодарение на тоа што му е послушник на Заев. Како ќе каже Заев, така Костовски прави.

Филипче во целата приказна е само претседател на хартија, кој предлог кандидатите за градоначалници мора да ги испорача во знак на благодарност кон Заев.

Затоа и овие кандидати се луѓе кои се синоним за неспособност и пораз во првиот круг на локалните избори.

Линк од видео материјал: 
https://www.youtube.com/watch?v=b9K-AwfINxI
https://we.tl/t-l3I9Z6emxO

Прес-конференција на Јане Мицевски, пратеник и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки


 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан