• понеделник, 23 декември 2024

Митева: Значителен напредок во Царинската управа, за само три месеци пораст на наплатата на приходите за три милијарди денари 

Митева: Значителен напредок во Царинската управа, за само три месеци пораст на наплатата на приходите за три милијарди денари 

Скопје, 15 октомври 2024 (МИА) - Царинската управа во изминативе три месеци успеа да собере над 24 отсто повеќе приходи од увозни давачки и акцизи во однос на претходниот квартал. Ова зголемување е јасен показател за нашата посветеност да го подобриме создавањето приходи и да обезбедиме ефикасно спроведување на нашите економски политики, рече денеска портапролот на Владата, Марија Митева.

Многу важен податок, додаде, е и состојбата со наплатата која бележи раст.

-Од 1 јули до 8 октомври има забележителен пораст на наплатата на приходите кои изнесуваат над 35 милијарди денари. Оваа бројка претставува зголемување од 3 милијарди денари, што бележи пораст од 9,2 отсто во однос на истиот период минатата година. Овој раст ги нагласува нашите ефективни стратегии за начинот на работата и создавањето приходи. Подобрувањата направени во оперативните процеси, не само што ја подобруваат усогласеноста, туку и ја зајакнуваат нашата фискална позиција. Дополнително, направени се значителни подобрувања во мерките за спроведување и регулатива. Заострените контроли доведоа до импресивно зголемување на изречените казни за 186 отсто. Ова пак, го покажува нашиот пристап на нулта толеранција кон прекршувањата и нашата посветеност на одржување на фер трговско опкружување, напомена Митева.

Според Владата, овие достигнувања не се само бројки, туку ја претставуваат посветеноста на транспарентноста, отчетноста и заштитата на домашната економија.

-Владата продолжува неуморно да работи за поттикнување фер пазар и спречување недозволени активности. Ќе продолжиме да инвестираме во нашите системи кои ќе се прошират и во иднина, рече Митева. мч/аа/

фото: Влада на РСМ

Остани поврзан