• петок, 06 март 2026

Мисајловски: Продолжуваме да ја јакнеме борбената готовност на Армијата и да ги исполнуваме НАТО-целите

Мисајловски: Продолжуваме да ја јакнеме борбената готовност на Армијата и да ги исполнуваме НАТО-целите

Скопје, 6 март 2026 (МИА) - Министерот за одбрана Влади Мисјаловски денеска имаше средба со Карл Форд, директор за одбранбено планирање во Алијансата и лидер на тимот од НАТО кој е дел од редовните годишни билатерални одбранбени разговори помеѓу НАТО и Македонија.

- Продолжуваме да инвестираме во Армијата, да ја јакнеме нејзината борбена готовност и да ги исполнуваме НАТО-целите на способности. Со силна Армија, придонесуваме и кон зацврстувањето на колективната безбедност на Алијансата. Во време на глобални геополитички предизвици заедништвото и сојузништвото е најдобриот начин да ја гарантираме безбедноста на регионот и евро-атлантската област, објави Мисајловски на својот Фејсбук профил.са/

Фото: ФБ Владо Мисајловски

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан