• вторник, 26 ноември 2024

Мисајловски: Со почит се сеќаваме на револуционерите, Македонија заслужува да биде развиена, прогресивна и безбедна

Мисајловски: Со почит се сеќаваме на револуционерите, Македонија заслужува да биде развиена, прогресивна и безбедна

Скопје, 23 октомври 2024 (МИА) -  Министерот за одбрана на Владо Мисајловски денеска упати честитка по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

-Денеска со почит се сеќаваме и им се поклонуваме на сите револуционери кои со својата визија и пожртвуваност ги поставија темелите на слободна и независна Македонија, затоа што идеалите на македонската револуционерна организација за создавање на македонска држава се нераскинлив дел од нашата колективна свест и нашето постоење, истакнува во честитката Мисајловски.

Стремежите на револуционерите за слободна и просперитетна држава, додава Мисајловски, не задолжија за навек.

-Решителни сме сите заедно да го продолжиме делото на Организацијата, да продолжиме да градиме иднина вредна за нивната борба. Македонија заслужува да биде развиена, прогресивна и безбедна, да биде земја за среќен и хармоничен живот на сите граѓани. Нашата определба ја потврдуваме со максимална заложба, труд и посветеност во остварување на овие цели, наведува Мисајловски. мч/дма/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан