• сабота, 21 декември 2024

Мисајловски - Рокас: Интензивирање на соработката со Европската унија во безбедносната и одбранбена политика на Унијата

Мисајловски - Рокас: Интензивирање на соработката со Европската унија во безбедносната и одбранбена политика на Унијата

Скопје, 7 октомври 2024 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска остварил средба со новиот евроамбасадор Михалис Рокас, на која станало збор за интензивирање на соработката со Европската унија во безбедносната и одбранбена политика на Унијата, како членка на НАТО и земја кандидат за членство во ЕУ. 

- Мисајловски му посака успешна дипломатска мисија и упати благодарност до Европската Унија за последниот пакет на помош од 13 милиони евра, кој што ќе се финансира во рамките на Европскиот мировен фонд, а ќе придонесе за зајакнување на способностите и капацитетите на Армијата, се наведува во соопштението. 

Во однос на нашето учество во мисиите и операциите на Заедничката безбедносна и одбранбена политика на Унијата и во борбените групи на Унијата, министерот Мисајловски потенцирал дека со поддршката од ЕУ се зајакнуваат и капацитетите на државата и нашиот придонес кон глобалниот мир и безбедност. дма/ац/

Фото: Министерство за одбрана

Остани поврзан