• петок, 02 август 2024

Минчев положо свежо цвеќе во меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце

Минчев положо свежо цвеќе во меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце

Скопје, 2 август 2024

По повод чествувањето на 2 Август, Илинден - Денот на Републиката, Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, како дел од владината делегација предводена од Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, положи свежо цвеќе во меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.

Илинден претставува голем македонски национален празник, кој несомнено има посебно значење за историјата на македонскиот народ, не потсетува на историската борба и вечниот стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава, и на сите оние кои со своите дела и подвизи трајно се вградиле во овој чин, време кога блескаше духот на единството и издржливоста на нашиот народ.

Не само заради важните датуми од историјата кога на 2 август 1903 година започнало Илинденското востание, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ, туку овој празик е вечно потсетување на она што го имаме и што го живееме денеска, а тоа е современа, независна и меѓународно признаена држава.

Им честитаме и упатуваме срдечна благодарност до сите граѓани на нашата држава за нивната посветеност и придонес во градењето на посилна и попросперитетна нација, да се стремиме во мир и заедништво да ја градиме државата во духот на европските вредности.

Да ги почитуваме вредностите на демократијата, слободата и просперитетот и да продолжиме да работиме кон посветла иднина за сите граѓани на нашата држава.

Кабинет на Министер за јавна администрација

________________________________________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан