Полициските хеликоптери фрлија над 105 тони вода врз пожарите кај Семениште, Јасен и во Светиниколско
- Хеликоптерите на Одделот за воздухопловни единици на МВР во текот на денот фрлија преку 105 тони вода врз пожарите кај село Семениште, Јасен и Светиниколско.

Скопје, 2 август 2024 (МИА) - Хеликоптерите на Одделот за воздухопловни единици на МВР во текот на денот фрлија преку 105 тони вода врз пожарите кај село Семениште, Јасен и во Светиниколско.
Како што соопшти МВР, хеликоптерот Ми-171 дејствуваше во реонот на Свети Николе-Пробиштип и Јасен, а хеликоптерот Бел-412 дејствуваше во реонот на Сарај, кај село Семениште. вг/
Фото. МВР