• петок, 22 ноември 2024

Минчев на Регионална конференција за иновативен менаџмент на човечки ресурси за јавна администрација во Љубљана

Минчев на Регионална конференција за иновативен менаџмент на човечки ресурси за јавна администрација во Љубљана

Скопје, 2 октомври 2024 

Под покровителство на Министерството за јавна администрација на Словенија, а во соработка со Регионалната школа за јавна администрација (ReSPA), министерот за јавна администрација, Горан Минчев, учествуваше на конференцијата која е дел од пошироката иницијатива за модернизација на јавната администрација низ Западен Балкан, насловена како „Иновативен менаџмент на човечки ресурси”.


Во рамки на конференцијата, која се одржа на министерско ниво, учесниците разговараа за иднината на управувањето со човечки ресурси во јавната администрација, фокусирајќи се на стратешкото лидерство, планирањето на работната сила и идните компетенции за одржлив развој.


Министерот Минчев во своето обраќање, ја истакна важноста на темите на конференцијата во обликувањето на иднината на јавната администрација во регионот.


„Темпото на социјалните, економските и технолошките промени наложува јавната администрација континуирано да се надоградува и развива. Јавните институции се столбот на секое функционално општество. Ефикасната употреба на иновативни алатки, податоци и технологија повеќе не е луксуз - тоа е од суштинско значење за модерното владеење “ - нагласи министерот.


Пред присутните, елаборираше за клучните иницијативи, развојот на дигиталната апликација, поддржана од ReSPA, која ја подобрува транспарентноста и му овозможува на министерството подобро да го следи и да известува за напредокот на реформите, како и за силната посветеност на Владата на Република Македонија за реформи во јавната администрација.


„Ние сме целосно посветени за градење администрација заснована на образование, стручност, професионализам, етика и почитување на системот на заслуги. Тоа е долгорочен процес, а патот што ни претстои е сложен, но тоа е пат по кој мора да одиме. Мора да ги вработуваме и промовираме оние кои се квалификувани, оние кои работат напорно и оние кои навистина тоа го заслужуваат. Така ќе изградиме јавна администрација која ќе може ефективно да им служи на нашите граѓани и да го унапреди развојот на Република Македонија” - порача Минчев.


Министерот Минчев ја истакна и вредноста на регионалната соработка, истакнувајќи ја важноста од размена на искуства и зајакнување на напорите за создавање поефективни, одржливи и модерни јавни администрации. Тој изрази надеж за континуирани плодни дискусии и идни соработки меѓу земјите учеснички.
 

 Кабинет на министер за јавна администрација

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Министерство за јавна администрација

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан