• петок, 26 јули 2024

Министерска конференција на Западен Балкан за квалитет во високото образование ќе се одржи во Скопје

Министерска конференција на Западен Балкан за  квалитет во високото образование ќе се одржи во Скопје

Скопје, 24 септември 2023 (МИА) - Министерството за образование и наука и Секретаријатот на иницијативата за образовни реформи во Југоисточна Европа ERI SEE на 26 и 27 септември во Скопје ќе  организираат Министерска конференција на Западен Балкан за квалитет и обезбедување квалитет во високото образование.

МОН соопшти дека на конференцијата, со над 80 учесници, ќе се обратат министерот Јетон Шаќири и министрите  за образование на Србија, Црна Гора, заменик-министерот за образование на Литванија, како и директорот на Иницијативата за образовни реформи, директори на агенциите за високо образование на Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија и Молдавија и претставници на академската заедница од Европската Унија. хс/мд/

Фото: МИА архива 

 

 

Остани поврзан