• петок, 26 јули 2024

Министерска конференција на Западен Балкан за квалитет во високото образование

Министерска конференција на Западен Балкан за квалитет во високото образование

Скопје, 26 септември 2023 (МИА) - Министерството за образование и наука и Секретаријатот на иницијативата за образовни реформи во Југоисточна Европа ERI SEE денеска и утре во Скопје ќе организираат Министерска конференција на Западен Балкан за квалитет и обезбедување квалитет во високото образование.

Како што соопшти МОН, на конференцијата со над 80 учесници, ќе се обратат министерот Јетон Шаќири и министрите  за образование на Србија, Црна Гора, заменик-министерот за образование на Литванија, како и директорот на Иницијативата за образовни реформи, директори на агенциите за високо образование на Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија и Молдавија и претставници на академската заедница од Европската Унија. хс/вг/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан