• четврток, 30 јануари 2025

Министерот Муртезани на конференција за регионална економска интеграција во Црна Гора

Министерот Муртезани на конференција за регионална економска интеграција во Црна Гора

Скопје, 28 јануари 2025 (МИА) - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска престојува во работна посета на Црна Гора, каде што ќе учествува на Kонференција на високо ниво насловена „Зајакнување. Интегрирање. Раст“, посветена на регионалната економска интеграција.

Како што соопштија од Министерството за европски прашања, на настанот што се одржува во Бечиќи, учествуваат министри за европски прашања и главни преговарачи со ЕУ од земјите на Западниот Балкан, како и претставници на Европската Унија.

Во рамките на конференцијата, министерот Муртезани ќе се обрати на сесијата  „Придобивки од претпристапниот процес: Од СЕПА до зелени коридори и пошироко“, на која ќе се дискутира за имплементацијата на Планот за раст на Европската комисија за Западен Балкан, како и за клучните приоритети кои го поттикнуваат регионалното економско поврзување и усогласувањето со стандардите на Европската Унија.

На маргините на конференцијата, предвидена е средба со генералниот секретар на Советот за регионална соработка (RCC), Амер Капетановиќ, на која ќе се разменат мислења за тековните иницијативи за регионална интеграција и улогата на Советот во поддршката на земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон членство во Европската Унија, стои во соопштението. вг/са/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан