• недела, 15 декември 2024

Министерот Муртезани во посета на Молдавија

Министерот Муртезани во посета на Молдавија

Скопје, 13 декември 2024 (МИА) - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска ќе престојува во работна посета на Кишинев, каде што ќе се сретне со заменик претседателката на Владата на Молдавија, задолжена за европска интеграција, Кристина Герасимов.

Предвидено е по состанокот, главните преговарачи за членство во ЕУ на Северна Македонија и Молдавија, Муртезани и Герсимов, да потпишат Меморандум за соработка (MoC) за процесот на европска интеграција меѓу владите на двете земји, соопшти Министерството за европски прашања.

Во рамки на посетата, Муртезани ќе има одвоени средби со претседателката на Комисијата за надворешна политика и европска интеграција, Ина Кошеру, како и со државниот секретар за одбранбена политика во Министерството за надворешни работи на Молдавија, Валериу Мија.са/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан