• вторник, 16 декември 2025

Министерот Минчев на настан посветен на зајакнување на институционалната соработка меѓу САД и Македонија

Министерот Минчев на настан посветен на зајакнување на институционалната соработка меѓу САД и Македонија

Скопје, 15 декември 2025 година (МИА) - Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, присуствуваше на настанот „Зајакнување на институционалните капацитети: одбележување на соработката помеѓу САД и Северна Македонија“, кој беше во организација на Министерството за финансии, се вели во соопштението од Министерството за јавна администрација, кое МИА го објавува интегрално.

На настанот се обратија министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, заменик-претседателот на Владата на РСМ за политички систем Љупчо Димовски и Н.Е. амбасадорката на САД, Ангела Агелер, кои ја нагласија важноста на партнерството помеѓу САД и Македонија.

Министерот Минчев ја поздрави соработката, посочувајќи дека зајакнувањето на институционалните и финансиските капацитети е од клучно значење за ефикасно функционирање на јавната администрација, транспарентно управување со јавните финансии и подобра испорака на услуги кон граѓаните.

Кабинет на Министер за Јавна Администрација

 

 

Остани поврзан